Мицкоски на средба со ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Надвор од здрав разум е докажани криминалци да се ослободат, законот ќе се блокира, ако стават европско знаменце пратениците ја напуштаат работата на собранието

129

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска остави средба со пратеничката група во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, со посебен акцент на Законот за амнестија предложен од владата на СДСМ и ДУИ.

Според Мицкоски не прифатливо е докажани криминалци вклучително и оние од случајот Монструм да бидат помилувани или ослободени, додавајќи дека обидите на власта за да ги ослободи докажаните криминалци всушност е надвор од здрав разум.

Мицкоски посочи со овој закон владата на СДСМ и ДУИ сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надева дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори.

Во однос на начинот на носење на Законот за амнестија, кој е пуштен по скратена постапка Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата донесе одлука да се блокира законот. Но, доколку биде злоупотребено европското знаменце, пратениците ќе ја напуштат работата на собранието.

Мицкоски на средба со ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Надвор од здрав разум е докажани криминалци да се ослободат, законот ќе се блокира, ако стават европско знаменце пратениците ја напуштаат работата на собранието

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
Следно соопштениеСелекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и настап – Ракометна Федерација на Македонија