Ковачевски и неговите четворица заменици, Груби, Маричиќ, Битиќи и Грковска за 7 месеци ќе земат над 4,5 милиони денари, а за студентите само 1000 денари

116
Ковачевски и неговите четворица заменици, Груби, Маричиќ, Битиќи и Грковска за 7 месеци ќе земат над 4,5 милиони денари, а за студентите само 1000 денари

Димитар Ковачевски и неговите четворица заменици за 1 месеци ќе земат плата од над пола милион денари, или за 7 месеци заедно ќе земат над 4 и пол милион денари.

Покачувањето од 78 проценти, енормно ги зголеми платите на Димитар Ковачевски, Артан Груби, Славица Грковска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи за скоро 1000 евра, или за секој работен ден 50 евра.

И додека нивните плати растат, истите тие носат мерки за месечна помош за студентите од само 1000 денари.

За студентите месечно ќе дадат 1000 денари, или за 7 месеци тоа се 7000 денари.

Ова не е реална помош. Ова е само предизборен поткуп кој го прават со државни ресурси.

СДС сакаат со 1000 денари да го купат гласот на студентите.

Доколку СДС и Ковачевски сакаа да им помогнат на студентите тогаш прво ќе обезбедеше квалитетно образование, а потоа ќе го изградеше и ветениот студентски град во Скопје, ветениот студентски дом во Штип уште во 2016та година.

Ковачевски мисли дека со овие 1000 денари ќе го купи достоинството на младите.

За премиерот Ковачевски и вицепремиерите во владата на СДС и ДУИ има европски плати, а за студентите трошки.

Овие мерки немаат никаков позитивен ефект врз животниот стандард на студентите.

Груби кој месечно добива плата од 2000 евра и понатаму се жали дека неговата плата била најниска.

Маричиќ кој на државна сметка се гоштева со бифтек, месечно зема плата од над 2000 евра.

Грковска и покрај тоа што е задолжена за добро владеење, никој не знае која е нејзината функцијата во владата, бидејќи корупцијата и криминалот се во пораст изминатите 7 години додека СДС е на власт, а зема плата од над 2100 евра.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи кој велеше дека само што не донеле закон за намалување на функционерските плати, и понатаму месечно зема плата од над 2000 евра.

СДС и Ковачевски сакаат да ги купат студентите со по 1000 денари, додека тие ги уживаат сите привилегии и бенефиции од владеењето.

Време е СДС и Ковачевски да си заминат.

Студентите не се на распродажба и никој нема и не смее да ги потценува.

Студентите мора да добијат соодветни услови за студирање и за убав студентски живот.

Оваа влада на СДС и Ковачевски на следните избори ќе биде поразена од студентите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ фатени како ги лажат пензионерите, со нив нема поголеми пензии за 5.000 денари
Следно соопштениеМакедонскиот каратист Стефан Стојанович го освои сребрениот медал на светската карате лига во Венеција, Италија