Македонскиот каратист Стефан Стојанович го освои сребрениот медал на светската карате лига во Венеција, Италија

114
Македонскиот каратист Стефан Стојанович го освои сребрениот медал на светската карате лига во Венеција, Италија

Каратистот на “Макпетрол” Стефан Стојанович +84 кг, го освои сребрениот медал од најмасовната и најквалитетна Светска карате лига за помлади сениори У21. Стефан влезе во финалето во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), со четири последователни победи во елиминацискиот дел. Во финалето загуби со минимален резултат 0-1 и успеа да го освои сребрениот медал.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски изјави: -Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на “Макпетрол”, успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на 7 – мото место, успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари, ова е вкупно 47-ми медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со освоен медал од Светската премиер карате лига во Атина:-заврши Заборски

Резултати – Карате 1 Младинска лига Венција У-21 за спортистите од Макпетрол:

+84 кг

Стефан Стојановиќ – Михаил Бистричанов (Бугарија) 2-0

Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 3-2

Стефан Стојановиќ – Жоакин Маркез Санчез (Венцуела) 1-0

Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 2-1

Финале

Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина). 

Јована Мицовска (-61), извојува две победи во репасажот и беше на чекор да се бори за бронзениот медал, но загуби од Хрватката Ирис Ковач 0-5, со што го освои исто така 7-мото место.

Витомир Трајковски (-84), забележа три победи, а во четвртата загуби минимално 0-1 од Михаил Бугајов од Украина.

-84 кг

Витомир Трајковски – Буаза Беласри (Франција) 9-1

Витомир Трајковски – Лоренцо Бисол (Италија) 5-1

Витомир Трајковски – Симон Приевозник (Словачка) 2-1

Витомир Трајковски – Максим Бухајов (Украина) 0-1

Данило Божовиќ (+84кг)  во репасажот забележа две победа и пораз, така да го освои 7-мото место.

Данило Божовиќ – Светлин Занков (Бугарија) 5-1

Данило Божовиќ – Данил Касијанов (Украина) 0-1

Репасаж

Данило Божовиќ – Антонио Ијадареста (Италија) 1-0

Данило Божовиќ – Набил Беласри (Франција) 3-5

67 кг

Димитар Лозановски – Хамза Џабер-Раис (Белгија) 2-1

На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски и неговите четворица заменици, Груби, Маричиќ, Битиќи и Грковска за 7 месеци ќе земат над 4,5 милиони денари, а за студентите само 1000 денари
Следно соопштениеПоради неказнивоста на Палевски, дозволата да шири токсична атмосфера и пропустите во истрагата- Спасовски и власта имаат одговорност за трагедијата