Левица понуди компромис: една изборна единица во замена за гласање на дијаспората по пошта за претседателски избори!

15
Левица понуди компромис: една изборна единица во замена за гласање на дијаспората по пошта за претседателски избори!

Откако пропадна идејата за електронско гласање на дијаспората, сега гласањето по пошта се претставува како главен услов без кој не може да се донесе нов Изборен законик. Во меѓувреме, целосно исчезна темата поради која воопшто беше формирана Работната група и која Левица ја отвори уште на лидерската средба во јануари – една изборна единица.

Да потсетиме, една изборна единица не е барање измислено преку ноќ. Тоа е реформа за која се зборува со години и единствената промена што суштински го менува изборниот модел. Не е случајно што токму ова прашање ДПМНЕ упорно го избегнува. Наместо да се разговара за еднаквата вредност на секој глас, се отвораат нови теми кои служат како изговор суштинската реформа повторно да остане на маргините.

Во текот на четиримесечните преговори, гласањето на дијаспората не беше прашање околу кое се водеа разговорите. Дури на самиот крај од процесот беше наметнато како услов за донесување на Изборниот законик. Со тоа, ДПМНЕ се обиде целокупниот процес да го сведе на прифаќање на едно нивно барање, додека реформата поради која започнаа разговорите беше целосно потисната.

Левица нема намера да учествува во вакво политичко условување. Но, за да покаже дека не бега од политички договор, нуди јасен компромис. Доколку ДПМНЕ навистина смета дека гласањето на дијаспората по пошта е прашањето без кое не може да има нов Изборен законик, Левица ќе го прифати тоа решение за претседателските избори како експериментален модел. За возврат, ДПМНЕ треба да прифати една изборна единица.

Со овој предлог паѓа во вода единствениот изговор на ДПМНЕ. Ако и понатаму одбива една изборна единица, тогаш станува очигледно дека гласањето на дијаспората никогаш не било нивната вистинска цел. Вистинската цел е да се зачува изборниот модел што со години им обезбедува привилегирана позиција на големите политичко-бизнис картели.

The post Левица понуди компромис: една изборна единица во замена за гласање на дијаспората по пошта за претседателски избори! first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА – ЦЕНТРАЛНА ТЕМА НА ДВАНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеУтре Уставниот суд ќе одлучува дали е уставно единствено Левица да биде цензурирана