Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта, затоа што работи во интерес на граѓаните

114
Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта, затоа што работи во интерес на граѓаните

Локалната самоуправа има тројно поголема доверба меѓу граѓаните, за разлика од власта на ДУИ и СДС.Тоа најмногу ги боли Кузеска, СДС и Ковачевски. Граѓаните може да увидат разлика помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и централната власт. На локално ниво и покрај сите опструкции од владата, и покрај задолжените општини секој ден се реализираат проекти за разлика од министерствата кои ништо не направија за доброто на граѓаните.Впрочем сето тоа се отсликува и на довербата кон партиите. СДС поради катастрофалното владеење стана трета партија во Македонија. Придонес во ова имаат не само корупцијата, криминалот и неспособноста на функционерите на СДС, туку и фактот што локалните самоуправи раководени од СДС се ниту имаат проекти, ниту имаат отчет за својата работа.Колку зборовите на Кузеска и на СДС вредат најдобро може да се измери на избори. Нека не се плашат како ѓавол од темјан и нека излезат на соочување со народот, па таму ќе се види кој колку сработил и кој колкава доверба има меѓу граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: РЕК Битола дала тендер од 4 милиони евра за одмастување на котлите на фирма која основна дејност и е трговија и дистрибуција на канцелариски материјал, власта уште еднаш докажа дека го допре дното
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедлив на теренот на Мулти Есенс во Автокоманда