РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедлив на теренот на Мулти Есенс во Автокоманда

110
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедлив на теренот на Мулти Есенс во Автокоманда

Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата победи во Суперлигата и славеше на гостувањето против Мулти Есенс со 26-36. Шампионот слично како и на првиот дуел со истиот ривал, не виде мака да стигне до бодовите против новиот суперлигаш, а тренерот Ангеловски имаше можност да им даде шанса и на оние ракометари кои немаат преголема минтуажа во Лигата на шампионите. Слободен викенд добива Лесјак, Васиљев, Кисум, Радивојевиќ, Сери…

Најефикасен во победничкиот состав беше Павле Петровиќ, кој одигра брилијантна партија и постигна единаесет голови, а зад него следеше Ненад Костески со уште шест погодоци. Кај Мулти Есенс најмногу се истакнаа Узунчев, Димевски и Карасманакис, кои постигнаа по пет голови.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – деветто коло

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 26-36 (13-17)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Мулти Есенс:
Ерманоски, Димовски 5, Костовски, Илиески 3, Петковски, Д. Узунчев 2, Трајчев, Дар. Омерагиќ 2, Иваноски, Василевски, Тодески, Т. Узунчев 5, Димовски 4, Јорданов, Карасманакис 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ. Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник, Борзаш, Танкоски 2, Костески 6, Нилсен 2, Дејвис, Петровиќ 11, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ 1
Седмерци:4/3
Исклучувања: 8 минути

Следи двонеделна пауза заради репрезентативните обрвски во ЕХФ-неделата, а потоа следат уште пет кола до крајот на регуларниот дел.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛокалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта, затоа што работи во интерес на граѓаните
Следно соопштениеКога претходно министерството за правда одредувало датум за избори? Ковачевски ги изгуби сите битки нека не тера инает и нека не ја држи во заложништво Македонија- датум за избори веднаш