Македонија гласаше против резолуцијата за борба против глорификација на нацизмот Левица

49
Македонија гласаше против резолуцијата за борба против глорификација на нацизмот Левица

Муцунски и Мицкоски верно ги следат стапките на Османи и Ковачевски. Македонија гласаше ПРОТИВ Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот на 80-тата пленарна сесија на Генералното Собрание на ООН, усвоена со гласовите на 119 држави.

Ова не е изолиран чин во којшто Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ застанува зад антицивилизациските позиции. Потсетуваме дека во највисоката светска институција – ООН, дипломатијата предводена од Муцунски за првпат во историјата на Македонија не застана против анти-хуманите санкции на САД против Куба.

Дополнително, како држава чија борба за самоопределување сѐ уште не е завршена, во Советот за човекови права на ООН во Женева, само Македонија и уште една земја не гласаа „ЗА“ резолуцијата за правото на самоопределување на палестинскиот народ.

Под чизмата на ДПМНЕ, Македонија целосно и редовно застапува антицивилизациски и нехумани вредности. Министерот Тимчо Муцунски и премиерот Христијан Мицкоски, водејќи полоша надворешна политика од онаа на СДСМ и Османи ја потврдуваат својата изолационистичка ориентација и целосно вазалство кон илузорните „стратешки партнери“

Ваквиот надворешно-политички пристап се заканува Република Македонија да ја претвори во мрачен и назаден елемент на меѓународната сцена, што е сосема спротивно на нејзиното историско наследство и суштински вредности. Република Македонија не е и никогаш не може да биде држава која ќе застане зад империјализмот и која ќе ги затвори очите пред новите форми на фашизам.

Левица ги осудува гласовите на Власта во ООН и апелира до Министерството за надворешни работи да се врати кон својата антифашистичка традиција – традиција вкоренета во хуманоста, солидарноста и правдољубивоста. Нашата нација ја стекна својата слобода и независност токму преку борбата против фашизмот, а со ваквите изјаснувања во Обединетите нации овие вредности се погазуваат.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштение(Видео) Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи Левица
Следно соопштениеКако што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?