(Видео) Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи Левица

46
(Видео) Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи Левица

Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти.

Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.

Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.

Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот.

(Видео) Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи Левица



Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзмените на Кривичниот законик предложени од ДПМНЕ се лажно „враќање“ на правдата и вистинско зацврстување на неодговорноста Левица
Следно соопштениеМакедонија гласаше против резолуцијата за борба против глорификација на нацизмот Левица