Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ 

10
Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ 

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ.

СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата.

Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората.

Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации.

Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛефков: СДС денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми
Следно соопштениеСДСМ го доживува постојниот изборен модел како последна шанса да ја одложи сопствената пасокизација