Македонската машка младинска репрезентација (М20) ги започнува подготовките за претстојното Европско првенство 2026!
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека машката младинска репрезентација (М20) ќе се собере на 15.06.2026 година (понеделник) во хотел „Русија“ во Скопје, со што официјално ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Романија.
Подготовките ќе се реализираат во периодот од 25.06 до 05.07.2026 година, во рамки на кои нашите млади ракометари ќе одиграат и пријателски натпревари против селекциите на Саудиска Арабија, Грција и Италија.
На 07.07.2026 година, репрезентацијата ќе отпатува за Романија, каде во градот Turda ќе настапи на Европското првенство кое ќе се одржи во периодот од 08 до 19 јули 2026 година.
Македонија ќе се натпреварува во група со репрезентациите на Данска, Хрватска и Норвешка.
Им посакуваме успешни подготовки и многу среќа на нашите млади ракометари во претстојните предизвици!