Денес, 08.06.2026 година (понеделник), во хотелот „Green Space“ во Охрид, се оддржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа.
Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот г-дин Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации.
По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска.
Распоред на натпреварите:
13.06.2026 сабота:
Македонија – Чешка | 10:30 – 12:00 часот
Германија – Македонија | 17:30 – 19:00 часот
14.06.2026 недела:
Полска – Македонија | 11:00 – 12:30 часот
Сите натпревари можете да ги гледате ОВДЕ.
На селекторот г-дин Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците им посакуваме успешни подготовки и значајни резултати на претстојните натпревари.

