Маскенбалот во Хотел „Сириус“ ги избра новите карневалски владетели

81
Маскенбалот во Хотел „Сириус“ ги избра новите карневалски владетели

Душко Тимов и Даница Тимова се принцот и принцезата кои утревечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат карневалската поворка на Струмичкиот карневал 2026.

Тие беа избрани на вечерашниот традиционален маскенбал кој се одржа во хотелот „Сириус“, а кој уште еднаш потврди дека им нема рамни на струмичани за организирање и одржување на забава под маски.

Беше весело и убаво со разновидни маски изработени со многу љубов и труд, прекрасен спој на традиционалното и новото во магијата наречена Струмички чудо.

Почитувајќи ја традицијата и давајќи безрезервна поддршка на карневалските празнувања, и градоначалникот Петар Јанков со сопругата уживаа во маскенбалот своите сограѓани и гостите пријатели на карневалска Струмица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОпштина Прилеп започнува со присилна наплата на неплатените даноци од физички и правни лица
Следно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ ОСТРО ГИ ДЕМАНТИРАА ИНФОРМАЦИИТЕ И ИЗНЕСЕНИТЕ НАВОДИ ОБЈАВЕНИ ВО ОДРЕДЕНИ МЕДИУМИ ЗА УРБАНИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНАТА