Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица кои не ги подмириле своите обврски за данок на имот и за комунална такса за истакната фирма за последните три години (2023, 2024 и 2025 година), како и должниците кои не ги подмириле своите обврски по сите останати даночни и таксени основи, дека од 01.03.2026 ќе започни со присилна наплата на своите побарувања.
Со цел да се избегне блокирањето на сметките и дополнителните трошоци кои произлегуваат од присилната наплата, се повикуваат сите обврзници, физички и правни лица, кои по разни даночни основи имаат заостанати и неплатени обврски за изминатите години, итно (заклучно со 01.03 2026 година) да ги подмират своите обврски.
