МЕНТОРИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЛИЦА ПОД МЕЃУНАРОДНА ЗАШТИТА

101
МЕНТОРИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЛИЦА ПОД МЕЃУНАРОДНА ЗАШТИТА

Црвен Крст на Град Скопје со подршка на Швајцарскиот Црвен Крст и Меѓунардоната Федерација на Црвен Крст и Црвена Полумесечина во текот на месец март спроведува менторирање на единиците од локалната самоуправа. Имено, во соработка со ЈУ Завод за социјална дејност – Скопје и Македонското Здружение на Млади Правници, експертски интердисциплинарен тим спроведува дводневни средби со претставници на општините и Град Скопје.

Дводневното менторирање во Општина Карпош, го следеа раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска Зафировска и колеги од одделението за образование, одделението за детска, социјална и здраствена заштита како и од секторот за локален економски развој.

На овие средби се споделуваат знаења и информации за статусот и правата на лицата под меѓународна заштита односно лица под супсидијарна заштита. Истите во иднина ќе резултираат со зајакнување на мрежата од соработници на локално ниво со директна поддршка на оваа ранлива категорија  на жители во РСМ. Колегите, Катерина Гиевска и Александра Валкановска  заедно со Зоран Дранговски и  Соња Кипровска на локално ниво го пренесуваат своето знаење од теоријата и практична имплементација на социјалната услуга – олеснување на интеграцијата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОДБЕЛЕЖАНИ 125 ГОДИНИ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК ВО БИТОЛА
Следно соопштение“Надоградување на капацитетите за управување во спортот”