Во Приштина, Косово се оддржа последната обука за проектот S2ABC- “Надоградување на капацитетите за управување во спортот”. Проектот е во соработка со Министерство за спорт на Црна Гора, Олимписки комитет на Албанија, Универзитет за физичко образование и спорт на Косово, Спорт за млади од Британија во координација со Европски опсерваториум за спорт и вработување (EOSE). Претставници од МОК беа Сара Глоговац, Тане Димовски – општина Аеродром, Тео Митевски –КК МЗТ и Ирена Белешковска –КК Крива Паланка.
