Мицкоски на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, државата ќе продолжи по европскиот пат, следи период на реформи

115
Мицкоски на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, државата ќе продолжи по европскиот пат, следи период на реформи

Денеска 29.05.2024 година, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев остварија средба со амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.

На средбата се разговараше за спроведувањето и резултатите на последните претседателски и парламентарни избори во Македонија, како и за понатамошните чекори за идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на преставниците на Мисијата на ОБСЕ за активното вклучување и следење на изборните процеси, како на 24 април, така и на 08 мај.

Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека следи период на реформи во државата, економско зајакнување, како и борба против корупцијата и криминалот за да може државата да се развива и просперира.

Истото така тој додаде дека државата ќе продолжи по европскиот пат за кои идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се залага.

На средбата беше констатирана успшната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Мисијата на ОБСЕ и истата ќе продолжи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДесното крило Мигуел Пинто доаѓа во Вардар
Следно соопштениеОдржана 37-та седница на Советот на општина Струмица – Општина Струмица