Одржана 37-та седница на Советот на општина Струмица – Општина Струмица

126

Одржана е уште една успешна седница на Советот на општина Струмица, овојпат 37 по ред, на која советниците расправаа и одлучуваа по девет точки од дневниот ред.

Се изгласа кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2024 г., извештај кој ја покажува и докажува посветеноста на Општина Струмица во реализацијата на зацртаната програма, за доброто на нашата општина и за сите нејзини граѓани.

Покрај останатото, вреди да се истакнат усвоените извештаи за работата на ЈПЗБК „Стационар – Лана“, ЈСП „Струмица – Транспорт“ и ЈПКД „Комуналец“ за период од 01 јануари до 31 март 2024 година. Советот, како претставнички орган на граѓаните, и денес беше на висината на задачата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, државата ќе продолжи по европскиот пат, следи период на реформи
Следно соопштениеСООПШТЕНИЕ – Karpos.gov.mk