Младинците со две победи и еден пораз го обележаа настапот на турнирот во Романија – Ракометна Федерација на Македонија

108

Младинската машка селекција во период од 15-17.12.2023 имаше настап на силниот Carpaty Trophy во Романија. Покрај нашата младинска селекција на турнирот учествуваа и младинските селекции на Саудиска Арабија , Словачка и Романија.

Нашата младинска селекција турниор го отвори против младинците на Саудиска Арабија и славеа убедливо 37:29.

На вториот натпревар против селекцијата на Словачка, нашите надежи се радуваа на уште една убедлива победа, крајниот резултат на семафорот беше 33:23.

Во последниот натпревар од турнирот нашата младинска селекција беше поразена од домаќинот на турнирот, конечен резултат на натпреварот беше 36:32.

Настапот на турнирот е дел од подготовките за настап на Европското првенство.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Калајџиески МВП, Ристевски најдобар дефанзивец на „Трофеј Карпати“
Следно соопштениеЗошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори?