РК Еурофарм Пелистер – Калајџиески МВП, Ристевски најдобар дефанзивец на „Трофеј Карпати“

112
РК Еурофарм Пелистер – Калајџиески МВП, Ристевски најдобар дефанзивец на „Трофеј Карпати“

Во решавачкиот натпревар за првото место на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ младинската машка ракометна репрезентација на Македонија загуби од домаќинот Романија со 36-32.

Најефикасен во нашата селекција беше Мирче Калајџиески со десет голови. Претходно на турнирот Македонија славеше против Саудиска Арабија (39-27) и Словачка (33-23).

Индивидуални награди им припаднаа на македонските ракометар, двајцата членови на Еурофарм Пелистер 2 – Мирче Калајџиески и Самоил Ристевски. Средниот бек Калајџиески беше прогласен за најкорисен играч (МВП), односно најкорисен играч, додека пивотот Ристевски беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Овој турнир служи како подготовка за настапот на Европското првенство следната година во Словенија.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеБитиќи од трибината „Повеќе за сите“ во Кичево: Ниту една Влада го нема направено ова, над 2 милијарди евра обезбедивме за поддршка на граѓаните и компаниите
Следно соопштениеМладинците со две победи и еден пораз го обележаа настапот на турнирот во Романија – Ракометна Федерација на Македонија