Младинците со две победи ја обележаа ЕХФ неделата – Ракометна Федерација на Македонија

132

Младинската машка репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата забележа две победи против репрезентацијата на Турицја.

Нашата младинска репрезентација во првиот пријателски натпревар кој се оддигра на 03.11 славеше убедлива победа со резултат 34:19, а најефикасни ракометари за нашата репрезентација беа Петковски Александар кој постигна шест погодоци, а браќата Тодор и Димитар Узунчев постигнаа по четири.

Ден подоцна се оддигра и вториот пријателски натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Турција, во кој нашата селекција беше поуспешна. Резултатот по 60 минути игра беше 27:23 за Македонија.

Пријателските натпревари на нашата младинска репрезентација се дел од подготвителниот период за настап на ЕХФ ЕУРО 2024 во Словенија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСениорската машка репрезентација со победа и нерешен резултат ја заврши ЕХФ неделата – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеКанцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого