Сениорската машка репрезентација со победа и нерешен резултат ја заврши ЕХФ неделата – Ракометна Федерација на Македонија

156

Сениорската машка репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата забележа една победа и еден нерешен резултат против репрезентацијата на Грција , во пријателските натпревари кои се оддираа во Солун.

Нашата сениорска репрезентација во првиот пријателски натпревар кој се оддигра на 03.11 оддигра нерешено со резултат 29:29 со погодокот на Ненад Костески во последните секунди од натпреварот, најефикасни ракометари за нашата репрезентација беа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски кои постигнаа по пет погодоци.

Ден подоцна се оддигра и вториот пријателски натпревар помеѓу сенирските селекции на Македонија и Грција, во кој нашата селекција беше поуспешна. Резултатот по 60 минути игра беше 22:22 за Македонија.

Пријателските натпревари на машката сениорска репрезентација се дел од подготвителниот период за настап на ЕХФ ЕУРО 2024 во Германија.

Нашата репрезентација е дел од групата А заедно со репрезентациите Германија , Франција и Швајцарија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА ПРИРЕДИ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ ЗА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО 4 НОЕМВРИ
Следно соопштениеМладинците со две победи ја обележаа ЕХФ неделата – Ракометна Федерација на Македонија