На првата меѓусебна средба со претседателот Димевски, во една пријателска атмосфера се разговараше за идната соработка меѓу двата комитети, учествотото на бугарската делегација на претстојниот младински фестивал во Скопје и запознавање со спортските и сместувачки капацитети. Шефот на делегацијата Володја Златев придружуван од Генералниот секретар Данаил Димов искажаа видливо задоволство од условите што ќе ги имаат младите спортисти.
