РК Еурофарм Пелистер – Андреј Дамчевски потпиша професионален договор со Еурофарм Пелистер

55
РК Еурофарм Пелистер – Андреј Дамчевски потпиша професионален договор со Еурофарм Пелистер

Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа, добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Андреј Дамчевски.

Десното крило Андреј Дамчевски во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Дамчевски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младинскa конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди – Забрзување на изградбата на автопатите, целосно пуштање на Кичево-Охрид до крајот на 2026
Следно соопштениеНовоизбраната претседателка на Бугарскиот Олимписки комитет во посета на МОК