Црвениот крст во соработка со Центарот за управување со кризи реализираше обука на тема „Комуникациски вештини и справување со стрес“, во насока на превенција, грижа за вработените, а секако и за зголемување на квалитетот на работата за сите приматели на повици за итни случаи во Секторот Е – 112 во ЦУК.
Обуката ја посети и директорот Стојанче Ангелов, кој во своето обраќање, ја потенцираше важноста на квалитетот на обучувачите согласно и досегашните реализирани обуки, посочи дека стресните ситуации и работата под притисок во Секторот Е-112 е нешто што за вработените е работно секојдневие, што во почетокот на работата не се забележува како оптоварувачки, бидејќи е таква и природата на работата, но со тек на време може да се одрази на здравјето на вработените. Затоа, покрај подобрувањето на комуникацијата при прием на повиците за итните случаи, при несреќи, ваквите обуки се во насока на превенција и грижа и за вработените во ЦУК. Практично, со конкретната обуката во соработка со Црвениот крст, за комуникација при итни случаи и справување со стрес се инвестира во грижа за кадарот којшто е во непосредна комуникација со граѓаните кои се јавуваат за итни случаи на Е-112 во ЦУК.
Обуката што се реализира во ЦУК, за идентификување и справување со стресот, планирана во соработка со Црвениот крст, на вработените им овозможува да се стекнат со знаења применливи во работното опкружување. Предавачите од Црвен крст на Република Северна Македонија успешно ја изведоа обуката според меѓународни стандарди и ги пренесоа знаењата на вработените, учесниците на обуката. Конкретно, тоа е обука за практично осознавање на стресните ситуации при комуникацијата со граѓаните коишто се јавуваат при индивидуални итни случаи, а и при разни други несреќи и катастрофи, кога е загрозен нивниот живот и на нивните блиски. Овие обуки истовремено се и активности што значат и обезбедување современи техники за справување со стресот што неминовно е присутен при прием на итните јавувања.
The post Обука во ЦУК за развивање на комуникациски вештини и справување со стресни состојби на Е-112 оператори appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.