Од 02 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

127
Од 02 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода продолжува со активности за заштита на животната средина и го повикува целокупното население да се приклучи на уште една значајна иницијатива. Во согласност со нашата визија за зачувување на животната средина и грижата за општествената заедница, од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведеме нова акција за бесплатно собирање на кабаст отпад на оваа територија.

 

Во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно бесплатно ќе го подигнуваат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.
За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 25.09.2023 до 29.09.2023.
Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена.
Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција. Поддршка и заедничката ангажираност се од суштинско значење за нашата заедница.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Власта со измените на КЗ се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба, но треба да знаат, секој политичар кој што направил криминал ќе одговара
Следно соопштениеЗа Ковачевски амнестија за перење пари и епски кражби, се несериозни дела