За Ковачевски амнестија за перење пари и епски кражби, се несериозни дела

127
За Ковачевски амнестија за перење пари и епски кражби, се несериозни дела

Изјавата на Ковачевски дека измените во кривичниот законик, се однесуваат за дела кои не се сериозни, е крајно потценувачка кон народот и срамен обид за релативизирање на криминалите, кои секојдневно ги прави оваа власт.

Повеќе е од јасно дека со овие срамни измени на кривичниот закон, се цели на амнестија на функционерите од ДУИ и СДС, за сторените кражби од буџетот на граѓаните, но и признание, дека  власта се спрема за тежок пораз на следните избори и одење во длабока опозиција.

Ниедна амнестија нема да ги спаси криминалците од ДУИ и СДС, за тешките кражби, кои ги сторија и секое релативизирање на истите нема да им помине.Одговорност ќе има, во тоа граѓаните да бидат сигурни.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОд 02 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода
Следно соопштениеТЕАТАРСКО МУЗИЧКА ВЕЧЕР НА КУЛТУРНО ЛЕТО КАРПОШ-2023