Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите, уште една зделка за милионски профит

116
Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите, уште една зделка за милионски профит

Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО.

Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава.

Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина.

Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе.

Народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини. Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Тиквеш вторпат сезонава го надигра Еурофарм Пелистер 2
Следно соопштениеСветска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација