РК Еурофарм Пелистер – Тиквеш вторпат сезонава го надигра Еурофарм Пелистер 2

114
РК Еурофарм Пелистер – Тиквеш вторпат сезонава го надигра Еурофарм Пелистер 2

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 27-32 (13-16)

Осмото коло од ракометната Суперлига на Македонија почна денес во Битола, со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш, кој им припадна на гостите од Кавадарци со 27-32.

Со оглед на тоа дека во првиот круг натпревари Тиквеш загуби само од Алкалоид, на стартот од возвратните, важеше за фаворит во „Боро Чурлевски“ и ја оправда таа улога.

Најдобри стрелци кај гостите беа Страхиња Симиќ и Мирко Мајиќ со по седум постигнати гола, а Евгениј Темелкоски и Ани Обина погодија по петпати, додека кај пелистерци, Мирче Калајџиовски даде шест, пред Христијан Митревски и Алем Хаџиќ со по четири гола.

Ракомет
Суперлига – А група
Осмо коло:

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 27-32 (13-16)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 400
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Еурофарм Пелистер:
Штаковски, Младенов, Печурица, Маркоски 1, Талевски 3, Ристевски 1, Митревски 4, Мирчески, Димовски, Печурица, Трпчевски 2, Димитровски 3, Калајџиовски 6, Ивановски 1, Југовски 1, Мијушковиќ 1, Хаџиќ 4
Седмерци: 14/11
Исклучувања: 8 минути

Тиквеш:
Гемаљевиќ, О. Лазов 2, Мијатовиќ 1, Темелкоски 5, Велков, Соколов, Стефановиќ 2, М. Лазов, Манасков 1, Окардов, Органџиев, Шулески, Коцев 2, Симиќ 7, Мајиќ 7, Ани Обина 5
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 10 минути

Во следното деветто коло за десет дена Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје 2020.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФорумот на жени на СДСМ даде придонес во подигнување на свеста во борбата против ракот
Следно соопштениеОд тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите, уште една зделка за милионски профит