ООУ ,,ПЕТАР ПОП АРСОВ” ДОМАЌИНИ НА ДЕТСКИОТ ХОР ,,КАМПАНЕЛА” ОД ЧЕШКА

63
ООУ ,,ПЕТАР ПОП АРСОВ” ДОМАЌИНИ НА ДЕТСКИОТ ХОР ,,КАМПАНЕЛА” ОД ЧЕШКА

По повод настап на детскиот хор ,,Кампанела” од градот Оломоуц, Република Чешка во ООУ ,,Петар Поп Арсов” , денеска, во холот на училиштето, се собраа ученици, родители и наставници, да го проследат музичкиот спектакл. Интересни и шаролики гласови, се споија во едно и звучеа извонредно од грлата на Чешките ученици но и од грлата на учениците од Петар Поп Арсов.

Имено, детскиот хор е дојден во Р. С. Македонија со цел да учествува на  Меѓународен фестивал на фолклорни групи/хорови во Охрид. Како дел од нивната агенда беше и посетата на ООУ,,Петар Поп Арсов”.

Хорот ,,Кампанела” е основан во 1967 година и оттогаш претставува значаен дел од културниот живот на градот Оломоуц. Во текот на своето постоење, хорот одржал повеќе од 2.500 концерти и настапувал низ цела Европа, Азија, Америка и Африка. Кампанела со успех ја претставува Република Чешка на бројни меѓународни фестивали и натпревари за хорови.

На настанот, освен што се преставија двата хора, следуваше и кратка прошетка низ училиштето.

На музичкиот настап присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМанасиевски: СДС и Филипче се центар за ширење на лажни вести затоа има пад во Индексот на Репортери без граници
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме стои на патот на јуниорите на Еурофарм Пелистер до европско финале