РК Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме стои на патот на јуниорите на Еурофарм Пелистер до европско финале

55
РК Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме стои на патот на јуниорите на Еурофарм Пелистер до европско финале

Јуниорскиот состав на Еурофарм Пелистер како што е познато ќе ја претставуа Македонија на завршниот турнир од Лигата на шампионите во јуни во германскиот Келн.

Ждрепката која денеска се одржа во седиштето на ЕХФ го спои битолскиот состав со данскиот тим ГОГ Гудме во првото полуфинале. За момците од Еурофарм Пелистер ова ќе биде прво учество на елитниот младински собир. До оваа фаза, македонскиот тим стигна со две импресивни победи во квалификацискиот турнир во Букурешт, каде што ги совладаа Киелце и домаќинот Динамо.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат европските гиганти Веспрем и Барселона.

Термините за натпреварите се 14 и 15 јуни, а ЕХФ дополнително ќе ги потврди саатниците за натпреварите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеООУ ,,ПЕТАР ПОП АРСОВ” ДОМАЌИНИ НА ДЕТСКИОТ ХОР ,,КАМПАНЕЛА” ОД ЧЕШКА
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Манасков постигна десет гола, Еурофарм Пелистер во вториот дел го „скрши“ Тиквеш