Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), втора година по ред го организира „Саемот на кариера“, кој ја претставува и соработката на ФИКТ со приватниот, јавниот и невладиниот сектор составена од специфични активности коишто имаат образовна, практична и развојна димензија и се насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство. ФИКТ е мост во создавањето на врска помеѓу стопанските и нестопанските субјекти, од една страна, и студентите, идните инженери од компјутерски науки и комуникациско инженерство, од друга страна. Токму ова е основната причина што ФИКТ по втор пат го организира овој Саем со надеж и верба под ист покрив истовремено да ги спои знаењето, искуството, младоста и желбата за напредок. Дел од Саемот е и хакатонот насловен „Хакатон за паметна околина и паметни алатки“, каде годинава учествуваат и средношколци, како и панел дискусија на која се разгледуваат можностите за подобрување на инфраструктурата на ФИКТ. „Интересот на компаниите преку свои штандови да бидат присутни на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на „Саемот на кариера“(CAREER EXPO 2024) е поголем. Имаме повеќе компании, споредено со минатaта година, а исто така интересот на студентите и на матурантите како посетители на саемот е во поголем број, од причина што саемот претставува мост кој што ги вклучува трите клучни столба и за академијата, ние како факултет, како универзитет, бизнис секторот, ИТ и другите компании, во кои не може да се замисли да нема ИТ специјалисти и студенти кои што се во центарот на вниманието, на нашиот факултет и на нашиот Универзитет. Преку овој саем, студентите и […]
Извор на соопштението