Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС, профитираа од болните од рак и модуларните болници од кои една изгоре и живот изгубија 14 луѓе

91
Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС, профитираа од болните од рак и модуларните болници од кои една изгоре и живот изгубија 14 луѓе

На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација.

И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин.

Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак.

Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор.

Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС.

Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани.

СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија.

Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД „САЕМОТ НА КАРИЕРА“ НА ФИКТ
Следно соопштениеМицкоски: Имаме економски политики кои ќе носат развој и прогрес, предвидлива даночна политика, еден од проектите е 1 милијарда евра за општините