ОТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“ И 42 СВЕТСКА ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

104

Во Старата битолска чаршија, синоќа беше отворено 43 издание на Светската детска ликовна колонија „Мал битолски монмартр“ и 42 издание на Светската детска ликовна изложба по конкурс „Битола“. На овогодинешниот конкурс пристигнаа над 50.000 детски творби од над 800 приватни и јавни училишта од над 81 земја во светот. На колонијата преку свои делегации беа поканети 24 земји, а присутни беа делегации од Албанија, Турција, Хонг Конг – Кина, Србија, Бугарија, Грција, Израел, Полска, Малезија, Индија, Португалија, Словачка, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чешка и Романија. Оваа година, фокусот е ставен на работата и делото на Коста Хаџиантоновски, основачот на Малиот Битолски Монмартр и ликовното студио „Свети Кирил и Методиј“. На отворањето свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари на младите ликовни амбасадори кои низ уметноста ја промовираат Битола во светски рамки. „Најдобриот начин да се претстави убавината на еден град, ентузијазмот, креативноста на младите луѓе и трудољубивоста на нивните наставници и професори, е токму преку создавањето можности за активно творештво кое низ годините ќе расте и ќе се надградува. Една ваква успешна приказна, создадена пред 56 години, исполнета со многу љубов и знаење е токму детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, креирано од незаборавниот Коста Хаџиантоновски, чие дело ќе остане вечен спомен за нашиот град, но и реалност за понатамошна светска промоција на Битола. Развивајќи ја својата визија, Хаџиантоновски, ја основа и ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“, која денес на отворањето на 43 издание на Светската детска ликовна колонија, преку свои […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер победнички се враќа од Струга, само еден бод го дели од титулата
Следно соопштениеМицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување