РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер победнички се враќа од Струга, само еден бод го дели од титулата

140
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер победнички се враќа од Струга, само еден бод го дели од титулата

Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и со убедлива победа од 25-34 на гостински терен кај Струга остана на врвот во плејофот во македонската ракометна Суперлига. Уште еден натпревар на кој му е потребна една победа го дели тимот од титулата во македонското првенство. Избраниците на Ангеловски не видоа мака на гости кај Струга која ја имаше улогата на аутсајдер и цело време водеа. На полувремето резултатот беше 12-16 за „зелените“, а во вториот дел разликата константно растеше.

Најдобар стрелец во победата беше Цветан Кузманоски со осум постигнати гола, пред Цехте, Радивојевиќ и близнаците Атанасиејвиќ со по четири гола. Кај Струга, Мерис Бошњак погоди седум пати, а Александар Тренчевски имаше пет гола.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
13. коло

Струга – Еурофарм Пелистер 24-35 (12-16)

Спортска сала „Тими“ – Струга
Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Струга:
Рикановиќ, Тутенкоски, Тренчевски 5, М. Костоски, Младеновски 4, Кленковски 2, Јанкуловски 1, Пејчиноски, Велјаноски 1, Ф. Мечкароски 2, Н. Костоски 1, Бошњак 7, Маркоски 1, С. Мечкароски, Ѓонески
Седмерци: 6/3
Исклучувања: /

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков, Цехте 4, Кузманоски 8, Тајник, Борзаш 1, Танкоски 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 2, Васиљев 1, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути

Во последното 14. коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува тимот на Алкалоид.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТренер-селекторот на женската младинска ракометна репрезентација Дарко Јанев го објавува списокот на ракометарки повикани за собир – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеОТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“ И 42 СВЕТСКА ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА