ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

52
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Се свикува 4. седница на Советот на Општина Карпош за 02 декември 2025 година (вторник), со почеток во 14.00 часот.

За седницата се предлага следниот   

                                                                          

ДНЕВЕН РЕД

 

  • Усвојување записник од 1. (конститутивна) седница
  • Усвојување записник од 2. (вонредна) седница
  1. Предлог-Одлука за продолжување на суспензија на одредени делови од Детален урбанистички план за Градска четврт  З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември) Општина Карпош – Скопје
  2. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање на Комисијата за доделување на еднократна парична помош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2025 година
  3. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисија за доделување на финансиска поддршка на проекти од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2025 година
  4. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисијата за активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2025 година
  5. Предлог-Одлука за прифаќање движни ствари  на трајно користење без надомест од Влада на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука за потребите на ООУ „Владо Тасевски“, Општина Карпош Скопје
  6. Предлог-Одлука за прифаќање движни ствари  на трајно користење без надомест од Влада на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука за потребите на ООУ „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош Скопје
  7. Предлог-Одлука за прифаќање донација од Трговско друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје
  8. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за давање согласност за учество на Општина Карпош во проектот „Oпштините како двигатели за одржливиот развој“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), за проектот „Зголемување на безбедноста на граѓаните од катастрофи преку зајакнување на капацитетите на Просторните единици за заштита и спасување“

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Силен отпор на пелистерци, но европскиот првак со победа заминува од Битола
Следно соопштениеТренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена