РК Еурофарм Пелистер – Силен отпор на пелистерци, но европскиот првак со победа заминува од Битола

49
РК Еурофарм Пелистер – Силен отпор на пелистерци, но европскиот првак со победа заминува од Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ги разочараа своите фанови со борбеноста и мотивираноста, но не можеа да направат изненадување против актуелниот европски првак Магдебург (26-31). Македонскиот шампион парираше добро на почетокот, имаше негатива од три гола на паузата, но Магдебург го засили темпото во вториот дел и стигна до својата највисока предност (16-23). Во продолжение битолчани успеаја да ја ублажат негативата, но не можеа нешто повеќе против големиот фаворит во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Манасков и Радивојевиќ постигнаа со по пет, а Кузмановски со четири голови и беа најдобри реализатори во редовите на Еурофарм Пелистер, додека кај Магдебург, Јенсен стигна до шест голови.

По девет кола, Еурофарм Пелистер собра две победи и е на седмото место во групата.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Група Б – Деветто коло

Еурофарм Пелистер – Магдебург 26-31 (12-15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Борис Мандак и Марио Рудински (Словачка)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков 5, Радивојевиќ 5, Кузмановски 4, Тајник 3, Хенигман 3, Хосни 3, Видомскки 1, Ристевски 1, Пешевски 1, Хакбарт, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Хаџиќ, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 14 минути

Магдебург:
Хернандез, Мандиќ, Јенсен 6, Клар 5, Лагергрин 5, Муше 4, Магнусон 4, Кристијансон 2, Петерсон 2, Јонсон 1, Мертенс 1, Бергендал 1, Зехел, Вебер, О Саливен, Бартолд
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути

Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер следната недела гостува кај Загреб во Хрватска.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Ова беше сосема поинаков пораз од претходниот во Сегедин
Следно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ