Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари Левица

18
Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари Левица

Додека премиерот Мицкоски говори за ʼподдршка на наталитетотʼ, во пракса нивните неспособни функционери дозволуваат мајките да чекаат без основни средства. Скандалозни се информациите дека породилниот надоместок повторно доцни со недели, а Фондот за здравствено осигурување молчи.

Денес е 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за март. Тие укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека „секој ден се очекува исплата“, која сепак не се реализира за сите. Исплатите се вршат селективно, по нејасни „групи“, без транспарентни критериуми. Некои мајки добиваат средства навреме, додека други чекаат две до три недели или повеќе. Не постои фиксен датум за исплата, туку секој месец мајките го дочекуваат со неизвесност.

Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките. Потсетуваме дека претходно пратениците на Мицкоски го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост! Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив.

Левица јавно ги прашува министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО Сашо Клековски – зошто повторно доцни породилниот надоместок? Дали ова потврдува дека буџетот е празен поради расипничкото работење на власта и цехот за тоа го плаќаат мајките со неизвесност и несигурност?



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Егзибиција на Еурофарм Пелистер против Тиквеш, одлично деби на Лембанов на клупата
Следно соопштениеПредлог измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина и улогата на државата во управувањето со ресурсите