РК Еурофарм Пелистер – Егзибиција на Еурофарм Пелистер против Тиквеш, одлично деби на Лембанов на клупата

18
РК Еурофарм Пелистер – Егзибиција на Еурофарм Пелистер против Тиквеш, одлично деби на Лембанов на клупата

Алексо Лембанов, дебитираше со победа на клупата на Еурофарм Пелистер. Битолчани демонстрираа моќ против Тиквеш и извојуваа триумф со 44-23 (22-13). Со оваа победа битолчани останаа во трката за второто место, а за таа мисија да биде успешна им требаат четири победи во преостанатите четири натпревари.

Тиквеш дојде со млади сили и парираше само во првите пет минути, Потоа Тајник постигна два, а Петар Атанасијевиќ пет гола и пелистерци заминаа на +7. Иако играа без Кузмановски, Хосни и Манасков, а Митревски не доби шанса и остана на клупата, момците на Лембанов играа моќно и мотивирано и на крилата на младите сили на одмор заминаа со +9.

Во вториот дел се разигра Калајџиовски, Хакбарт постигна неколку гола, а меѓу стрелците се запишаа и Ристевски и Граховац. Финалните +19 откриваат колку е голема разликата во квалитет меѓу двете екипи. Петар Атанасијевиќ со единаесет гола кај домаќините и Томче Стојановски со седум погодоци кај гостуте беа најефикасни актери во натпреварот.

Ракомет

Суперлига

Плеј-оф – шесто коло

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 44-23 (22-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

Гледачи: 300

Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Брестовац, Видомски 5, Ристевски 2, Хакбарт 2, Кузманоски 5, Тајник 5, Граховац 2, Хенигман 2, Радивојевиќ 3, Абутовиќ, Калајџиовски 6, Пет. Атанасијевиќ 11, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 1

Седмерци: 3/2

Исклучувања: 6 минути

Тиквеш:

Панов, Печурица, Јовевски 5, Стојановски 7, Цејовиќ 2, Тодоров, Бакев, Димовски, Лазов, Ѓорѓиев, Коцев 2, Симиќ, Ангелов, Атанасовски 2, Мијушковиќ 5

Седмерци: 4/2

Исклучувања: 2 минути

Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер гостува кај лидерот Вардар 1961.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 првпат сезонава загуби од Пролет
Следно соопштениеПородилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари Левица