Предлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките сѐ уште во фиока

150
Предлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките сѐ уште во фиока

Собраниската Комисија за здравство сѐ уште нема свикано седница на која би се разгледал и усвоил Предлог-законот поднесен од двајцата пратеници од Левица, Апасиев и Крмов, за платено породилно отсуство на жените-земјоделки, додека „Законот за модерно ропство“ со 60 часовно работно време на работниците, експресно пројде на матичната комисија и уште поекспресно се најде на дискусија на пленарна седница, иако и двата предлози ја помина потребата за носење на законот по скратена постапка (прва фаза) истовремено, минатата недела.

Со ова уште еднаш се докажува среброљубливата политика која ја предводи ДУИ и СДС кога е во прашање нивниот бизнис интерес, но не и реалната потреба на народот.

АФЖ – Левица го повикува претседателот на собраниската Комисија за здравство, Арбен Зибери, да се удостои и да ја свика седницата каде предлогот на пратениците од Левица ќе биде ставен на дневниот ред и експресно, како и ЗРО ќе биде усвоен. Секое одолговлекување може да значи сериозен ризик за здравјето на жените-земјоделки кои се борат за егзистенција и нивното основно право, но и новороденчињата и децата.

Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и ќе се овозможи еднаквост и транспарентост на ова уставно загарантирано право на секоја жена.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АФЖ

18.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПрва фаза на ларвицидна дезинсекција » Општина Прилеп
Следно соопштениеЗа политички поени ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за Бехтел, сериозна градежна компанија која гради на сите континенти