Прва фаза на ларвицидна дезинсекција » Општина Прилеп

170
Прва фаза на ларвицидна дезинсекција » Општина Прилеп

Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 22 и 23.05.2023 година (понеделник и вторник), во периодот од 07:00 до 13:00 часот на територијата на Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува првата фаза теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекција ќе бидат опфатени водени површини, т.е. места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течение на градска река, делови на Дабники канал, Селечка река, област Маркова сарика како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и големо Коњари.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се известуваат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВо август социјално загрозените ученици ќе летуваат бесплатно
Следно соопштениеПредлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките сѐ уште во фиока