Превенција на рак со редовен скрининг достапен за сите жени

119
Превенција на рак со редовен скрининг достапен за сите жени

На жените не им е потребна евтина пропаганда, туку обезбедување ФУНКЦИОНАЛЕН систем во државното здравство.

Лицемерна е кампањата на владејачката СДС за подигнување на свеста кај жените во борбата против ракот на дојка, додека во реалноста, не функционира системот за рана детекција на ова заболување. Делењето флаери кое за лична пропаганда го вршат СДС и нивниот лидер, нема да го направат „Mој термин” поефективен, ниту жените поспокојни. Празните флоскули обоени во розевата панделка, во време на висока инфлација, на поголемиот дел од жените им влева само повеќе страв.

Левица се залага за еднаква достапност до термини, континуиран скрининг со национална програма, инвестиции во нови кадри, како и нова технологија која ќе го скрати времето потребно за дијагностицирање и терапија на ракот на дојката!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АФЖ

25.10.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕнергетската криза е предизвикана од монополот на приватнот капитал
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци повикани во репрезентацијата за двомечот со Грција