РК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци повикани во репрезентацијата за двомечот со Грција

122
РК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци повикани во репрезентацијата за двомечот со Грција

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир на претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата, сениорската селекција на Македонија ќе одигра подготвителни натпревари со репрзентацијата на Грција. Од тимот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Емилијан Ѓорговски, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Ненад и Жарко Пешевски. На листата на резерви се наоѓа Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер и Мирче Калајџиески од Еурофарм Пелистер 2.

spisok

Натпреварите на сениорската селекција се предвидени да се оддиграат на 3 и 4 ноември.

Собирот на ракометарите е закажува на 30 октомври. со почеток во 13.00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

 



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПревенција на рак со редовен скрининг достапен за сите жени
Следно соопштениеКолумна: Смрт за фашизмот, репродуктивна слобода за нас!