Во изминативе неколку дека се случило труење со храна кои ги зафатило дваесетна питомци и двајца офицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Ова е директен доказ за негрижата на Владата и Министерството за Одбрана да обезбедат основни услови за живот и работа на припадниците на армијата. Додека владините функционери зборуваат за реформи во безбедносните сили, нивните пропусти во основни обврски, како што е здравствената заштита, стануваат сè поочигледни и загрижувачки.
Овој скандал не завршува само со Воената академија – заболени војници се регистрирани и во касарната Илинден и касарната во Велес. Овие случаи го откриваат длабокиот и алармантен степен на негрижа кон армијата. Војниците и питомците, се оставени на милост и немилост на катастрофалните услови, што резултира со сериозни здравствени инциденти.
Ова не е прашање на изолирани инциденти, ова е системски проблем кој бара итно решавање! Надлежните институции не можат и не смеат да останат неми пред овие инциденти. Не само што треба да се преземат итни мерки за санација на состојбата во касарните и воените објекти, туку мора да се обезбеди и целосна одговорност од сите нивоа на командниот синџир, вклучувајќи го и Министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Неприфатливо е припадниците на армијата да бидат изложени на здравствени ризици во објектите каде што треба да се обучуваат и подготвуваат за одбрана на државата. Секоја од институција кои дозволуваат вакви пропусти, се директна закана за националната безбедност.