На 9.05.2024 година во просториите на Нега – Центар при Црвен крст на град Скопје се одржа работилница за волонтерството во Црвениот крст на РСМ. За време на работилницата група од 15 избрани лица од редот на Раководниот одбор на Црвениот крст на РСМ, секретари и стручни соработници од ООЦК/ЦКГС и стручни соработници од Централната канцеларија на ЦКРСМ ја спроведоа алатката за самопроцена на националното друштво во делот на уредувањето и праксата во организирањето на работата на волонтерите во организацијата, која е подготвена од страна на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Со аналирање на 13 стандарди во работата со волонтери, се идентификуваа предизвици и развојни приоритети кои ќе бидат претворени во акциски план, а ќе се во согласност со развојната рамка Трансформација 28.

The post Работилница за самопроцена на состојби со волонтерството во Црвениот крст на РСМ appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.
