РЕНОВИРАНО ДЕТСКОТО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЛАЕ

68
РЕНОВИРАНО ДЕТСКОТО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЛАЕ

Општина Карпош го реновираше детското инклузивно игралиште кое се наоѓа во рамки на плоштадот Делфина, откако истото беше цел на вандали и речиси целото беше демолирано од страна на несовесни граѓани. Во таа насока, локалната самоуправа постави нова подлога која е безбедна за користење, како и нови современи реквизити (освен централниот реквизит кој сè уште е во добра состојба) и други забавни содржини за најмладите карпошани. Во оваа пригода повторно апелираме до сите граѓани да се однесуваат совесно и разумно да ги користат реквизитите, бидејќи пред сè станува збор за инклузивно игралиште на кое се рекреираат и децата со попреченост.

The post РЕНОВИРАНО ДЕТСКОТО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЛАЕ appeared first on Karpos.gov.mk.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВЛАДИМИР ГРЧЕВ, УЧЕНИКОТ КОЈ ОСВОИ 100 ПОЕНИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА
Следно соопштениеОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година