ВЛАДИМИР ГРЧЕВ, УЧЕНИКОТ КОЈ ОСВОИ 100 ПОЕНИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

75
ВЛАДИМИР ГРЧЕВ, УЧЕНИКОТ КОЈ ОСВОИ 100 ПОЕНИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

Само неколку недели подоцна од освоеното прво место на Државниот натпревар по информатика, основецот од ООУ,,Братство”  Владимир Грчев од 9-то одделение, освојува 100 поени на Државниот натпревар по математика за основни училишта, од 4-то до 9-то одделение. Тој е меѓу четворицата најдобри математичари од вкупно 59 пријавени ученици. Натпреварот се одржа минатиот викенд на Природно-математичкиот  факултет во Скопје, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ). Неговата посветена работа и трудољубивост, го доведе до врвот на најдобрите математичари на ниво на целата држава.

            Почнувајќи со информатички и математички натпреварувања уште од мал, тој е освојувач на медали и дипломи/пофалници на училишни, регионални и државни натпреварувања. Неговиот ментор Петре Крстевски, кој е предметен наставник по математика во ООУ,,Братство”, му беше целосна поддршка на Владимир овој викенд, каде што ги освојува 100-те поени.

            По целосната селекција од четирите 100-ки, најдобрите математичари ќе ја добијат шансата како заслужна награда, да учествуваат на математичката Олимпијада, која ќе се одржи кон крајот на мај.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома
Следно соопштениеРЕНОВИРАНО ДЕТСКОТО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЛАЕ