РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски означи старт, Еурофарм Пелистер почна без десет репрезентативци

114
РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски означи старт, Еурофарм Пелистер почна без десет репрезентативци

РК Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг. Девет репрезентативци од нашиот клуб се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации.

Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.
Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари.

Разигрувањето за титулата почнува во втората недела од февруари 2024 година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеУспешни економски политики на СДСМ: Инфлацијата е 3,6%, намалена за пет пати
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 започна со подготовки, Гичев единствено ново име