РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 започна со подготовки, Гичев единствено ново име

118
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 започна со подготовки, Гичев единствено ново име

Суперигашот Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Тренерот на екипата Михаил Петровски денес официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, со што се означи почеток на пролетната полусезона од шампионатот 2023/24.

Со истиот ростер со кој ја заврши групната фаза на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за плеј-аутот. Ново име е само 18-годишниот десен бек Бојан Гичев, кој во нашиот клуб доаѓа од РК Овче Поле од Свети Николе.

Екипата ќе тренира секојдневно во Битола, а кон крајот на месецот предвидени се контролни натпревари со Еурофарм Пелистер и уште неколку суперлигаши.

Плеј-аутот официјално стартува во втората недела од февруари 2024 година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ангеловски означи старт, Еурофарм Пелистер почна без десет репрезентативци
Следно соопштениеНиколоски: Македонија НЕ ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради НЕМАЊЕ функционален систем на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!