РК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер

50
РК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.

Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат.

Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27.



Извор на соопштението

Претходно соопштение(ВИДЕО) Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга