РК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга

49
РК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга

Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај екипата на Струга во резултатски неважен натпревар со убедливи 29-40. По првото полувреме избраниците на Александар Зарков имаа плус четири, 20-16, и ја имаа контролата на теренот. Во вториот дел, доминираа уште повеќе и не му дозволија на домаќинот во ниту еден момент да се надева на нешто повеќе од овој натпревар.

Најефикасни во победничкиот состав беа Даневски и Митревски со по девет погодоци, додека Маркоски додаде седум гола. Во тимот на Струга се истакнаа крилните ракометари, Костов со осум и Костоски со седум реализации.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут – деветто коло

Струга – Еурофарм Пелистер 2 29-40 (16-20)

Спортска сала „Нико Нестор“ – Струга
Гледачи: 100
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Струга:
Тутенкоски, Пејоски, Пајкоски, Мечкароски 4, Костов 8, Клењоски 1, Шукрески 1, Симоноски 4, Ферукоски, Алиша 1, Ѓоргоски, Костоски 7, Савески 1, Мејдоуб 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 7, Лозановски, Гичев 2, Даневски 9, Велевски, Митревски 9, Шулевски 3, Лазаревски 4, А. Фехми, Дамчевски 2, Пецаковски 3, Славков, Одифред Баптист 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути

Во последното десетто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Прилеп.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеФилипче и СДС се во служба на бугарската агенда, Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет